Македонија
1. November 2019 - 8:47

„Врба“ пред домашната публика - премиера истовремено во четири градови

Во понеделник и вторник, 4 и 5 ноември од 19.00 часот, во големата сала на ЦК„Марко Цепенков“ премиерно ќе биде прикажан најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски, „Врба“.

„ Врба“ е македонска филмска приказна, која се појавува моќно, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов. Делото на Манчевски е многу покомплексно одошто може да се замисли. Дел од сцените во филмот се снимани во прилепскиот регион.

Сценариото и режија се на Милчо Манчевски, а улогите ги толкуваат Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Никола Ристески, Ненад Нацев, Петар Царановиќ.