„Врба“ на Милчо Манчевски - македонски кандидат за Оскар во 2021
Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски е македонски кандидат за Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија.
Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Дејан Лилиќ – актер, Тамара Котевска – режисер, Самир Љума – кинематографер, Мартин Иванов – монтажер, Иван Ѓоршев – мајстор на светло и Сања Арсовска – актерка, донесе одлука филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски, да биде национален кандидат на Република Македонија за оваа награда за 2021 година.
Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски, „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи, „Кеиф“ во режија на Блаже Дулев и „Незо“ во режија на Мерита Чочоли.
Поради глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19, 93. церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи на 25 април 2021 година, во Лос Анџелес.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација