Живот
16. November 2020 - 15:37

„Врба“ на Милчо Манчевски - македонски кандидат за Оскар во 2021

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски е македонски кандидат за Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија.

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Дејан Лилиќ – актер, Тамара Котевска – режисер, Самир Љума – кинематографер, Мартин Иванов – монтажер, Иван Ѓоршев – мајстор на светло и Сања Арсовска – актерка, донесе одлука филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски, да биде национален кандидат на Република Македонија за оваа награда за 2021 година.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски, „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи, „Кеиф“ во режија на Блаже Дулев и „Незо“ во режија на Мерита Чочоли.

Поради глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19, 93. церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи на 25 април 2021 година, во Лос Анџелес.