Македонија
1. July 2020 - 13:31

Вратени Македонци кои се обиделе да влезат во Грција преку Бугарија

Околу 10 до 15 автомобили од Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во Грција, објавија грчките телевизии „Скај“ и „Мега“.

Конкретниот граничен премин е отворен за влез на туристи во Грција, но само од земјите членки на ЕУ и од третите земји што се најдоа на европската листа, додека пак за македонските државјани, забраната за влез во Грција до 15 јули 2020 важи независно од граничниот премин, јави дописничката на МИА од Атина.