Бизнис
27. September 2017 - 13:59

Вратени 491 милиони денари за претходно издадени државни обврзници

 Министерството за финансии, денеска, по основ на доспеани петгодишни државни обврзници издадени во 2012 година, отплати вкупно 491 милион денари.

- Со оглед на намалената фреквенција на аукции на државни хартии од вредност, во текот на оваа недела не беа издадени нови хартии од вредност, односно нето-долгот по основ на државни хартии од вредност е намален за осум милиони евра, информираат од Министерството за финансии