Врачување на наградата „Прозарт“ на Миљенко Јерговиќ и промоција на негова книга
Во галеријата Даут-пашин амам вечер ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на хрватскиот писател Миљенко Јерговиќ, која Интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“ ја доделува петта година за авторски придонес во развојот на книжевноста на Балканот.
Миљенко Јерговиќ, кој беше гостин на првото издание на „Про-за Балкан“, е роден во 1966 година во Сараево, а денес живее во Загреб. Автор е на повеќе од 30 романи, збирки раскази и поетски изданија. Добитник е на голем број национални и меѓународни книжевни награди, како наградата за мир „Ерих Марија Ремарк“ (1995), италијанската Premio Grinzane Cavour (2003), Ангелската книжевна награда за најдобар роман во Средна Европа (Полска, 2012) и наградата „Његош“ (2015). Тој е еден од најчитаните автори во регионот.
Наградата „Прозарт“ во изминатите четири години ја добија писателите Владислав Бајац, Даша Дрндиќ, Вида Огњеновиќ и Георги Господинов. Со нејзиното врачување на Јерговиќ вечер во 19.30 часот во Даут-пашин амам, каде и другите писатели учесници ќе читаат извадоци од своите дела, ќе биде затворен годинашниот „Про-за Балкан“ кој го организира издавачката куќа „Икона’.
Претходно во „Менада“ издавачката куќа „Бегемот“ ќе го промовира романот „Рута Таненбаум“ од Јерговиќ, а разговорот со авторот ќе го водат Ѓоко Здравески и Илина Јакимовска.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна