Македонија
8. September 2018 - 12:38

Врачена државната награда „8 Септември“

Државната награда „8 Септември“ за животно дело и признанија за високи остварувања во областа на спортот денеска беа врачени во Собранието на Република Македонија. 

Таки Џиков, кој речиси половина век е во спортот, на разнии функции, а најмногу во одбојката, е добитник на годинашната државна награда за животно дело „8 Септември“, која по седми пат ја доделува Агенцијата за млади и спорт.

Признанија за остварувања во областа на спортот добија Стефан Гешовски-кошарка, Сашко Арсовски-карате, Владимир Радиќ-ракомет и Ристо Таков-борење. 

Наградата на Таки Џиков му ја додели директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и изрази честитки до сите наградени. 

Џиков им го честита празникот 8 Септември на сите граѓани и нагласи дека на државата и е потребна нова стратегија како да се создадат нови, квалитетни, стручни кадри кои ќе го доближат спортот до младите и тој да стане нивно секојдневие.

Смета дека преку спортот младите ќе се дистанцираат од пороците и оти на тој начин се создаваат здрави и млади генерации кои и се потребни на државата. 

На доделувањето на наградите присуствуваа спортисти, тренери, претставници од спортските федерации...