Бизнис
19. October 2015 - 17:14

Вработувањата во приватниот сектор- приоритет на СДСМ

Опозициската СДСМ со третиот столб од програмата „Визија за Македонија“ најавува активности за реализација на поставената примарна цел за развој на малите и средни претпријатија. 

Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економски прашања на СДСМ, денеска истакна дека партијата ќе цели кон нови странски инвестиции со грижа за постојните, но основата на економијата во државава да бидат домашните претпријатија.

Тевдовски на прес-конференција најави објавување на договорите за сите постоечки и идни инвестиции во ТИРЗ-овите, како и годишна државна поддршка за малите и средните претпријатија во износ од 20 милиона евра во првата година.

- Планот е поддршката да достигне 50 милиони евра во последната година од мандатот. Овие средства се дополнети со надворешни кредитни линии, како на пример од ЕИБ, рече Тевдовски.

СДСМ, како што рече Тевдовски, ќе се залага и за докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот со цел поголема кредитна поддршка и способност за реализација на гарантна шема, основање инвестициски фонд за вложување во старт ап и МСП со малцинско учество на државата, креирање старт ап центри во сите поголеми општини, можност за основање посебен вид трговско друштво со минимален износ на основна главнина од 1 евро...