Бизнис
27. March 2019 - 19:43

Вработените во ЗК „ПЕЛАГОНИЈА" на протест за неисплатени плати

Работниците од Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ денеска излегоа повторно на протест, барајќи да им се исплатат заостанатите плати. Велат дека ако не им се исплатат парите, ќе продолжат да протестираат.

-Сега бараме да видиме што се случува, да ни кажат дали го бидува комбинатот или не. Ние сме сите по 60 години, секој ден вака ако правиме секој месец, ова не е начин на работа.

-Од јануар досега една плата имаме земено, а никоја операција не е застаната. И жетва има и сеидба има, се е изработени, велат работниците од ЗК Пелагонија.

Финансискиот директор, Павле Цветаноски вели дека проблемите настанале откако биле наплатени 2.000.000 евра недоспеани кредити и вели дека со тоа 10 плати на работниците предвреме биле земени. Вели дека проблемот со доцнењето на платите се обидуваат да го решат на најлесен можен начин, а за сите проблеми навремено ги известувале вработените.

„Така беше и на последната средба со нив, на која ги известивме дека февруарската плата ќе им биде исплатена во следните 2-3 дена. Без разлика на тензијата која што се обидуваат да ја внесат дел од македонските медиуми, доцнењето на февруарската плата е 12 дена. Со сите сили и со се што е во наша моќ, се трудиме да го надминеме секое и најмало доцнење, но од друга страна и да ги задржиме сите вработени на број затоа што сме свесни дека цели семејства живеат од финансиските надоместоци на ЗК Пелагонија кон наши вработени“, вели Цветаноски.