Бизнис
7. February 2018 - 20:06

Вработените во Веибо груп им дадоа рок на газдите од еден месец да им ги исплатат парите

Барајќи ги своите права, работниците од Веибо најавуваат масовни протести од понеделник. На турските газди им дадоа рок од еден месец да им ги исплатат заостанатите плати. Ќе бараат и нотарски заварена изјава каде јасно ќе стои датумот кога ќе си ја добијат платата.
 
Вчера дел од вработените изјавија дека фабриката добро работела и не им е јасно зошто инвеститорот сака да ја затвори. Образложението на  турските газди е  дека компанијата повеќе нема моќ да работи поради намалени нарачки. Веибо се затвори на први овој месец, со што над 200 вработени останаа на улица.