Бизнис
11. May 2021 - 19:37

Вработените во обложувалниците бараат да не се усвои новиот закон

И вработените во спортските обложувалници по сопствениците бараат да не се носи новиот закон за игри на среќа. Велат дека со условот за дистанца 500 метри од училиштата ќе се затвори целата индустрија, а без работа освен тие ќе останат и микро фирмите со кои соработуваат. Сметаат дека нема потреба од носење на ново законско решение и нема опасност обложувалниците да се во близина на училиштата. Се заканија дека ќе излезат на масовни протести ако и еден од нив остане без работа.

-Не гледам никаква опасност затоа што нас не ни се клиенти децата од основно училиште, нема тука никаква опасност на крај на краишта на секој објект пишува забране влез на лица под 18 години, вели Стеван Крстевски вработен во спортска обложувалница.

Од финансии пак не се откажуваат од дистанцата како услов. Претходно министерот Бесими рече дека една од целите на носењето ново законско решение е токму заштитата на малолетниците а оддалеченоста е еден од начините. Законот веќе помина на ЕНЕР и сега во mинистерството се разгледуваат забелешките кои ги оставиле засегнатите страни.

По ова законското решение оди на владина седница, а ќе стапи на сила по усвојувањето во Собрание.