Бизнис
27. October 2017 - 20:30

Вработените во кавадаречки Фени ја добија септемвриската плата

850 работените во Фени ја добија септемвриската плата. Доцна попладнево новото раководство ги префрли парите. Но преговорите со доверителите кон кои  фабриката има долгови ќе продолжат и  наредните денови. Од синдикатот потврдија дека исплатата на септемвриската плата е уште едне доказ дека инвеститорто Бугарски Енекод  не се откаже од Фени Индсутри.
 
Од синдикатот  посичија дека иако комбинатот првично ќе работи со половина капацитет добиле ветување дека наредните плати нема да доцнат и на вработените ќе им бидат исплатени целонсо.  
 
Фени не работи повеќе од еден месец. Сметките на фабриката беа блокирани поради долгови кои надминуваат 60 милиони евра. Бугарскиот инвеститор  одлучи да ја земе фабриката во свои раце.  Фени Индустри произведува фероникел најголем  дел од производството е наменето за извоз.