Вработените во „Еурокопмозит“ стапија во штрајк
Синдикатот на наменската фабрика и загубар „Еурокомпозит“ го реактивира штрајкот поради неисполнените најави дека ќе се решаваат проблемите и статусот на оваа фирма, беше истакнато на денешната прес-конференција пред фабриката „Еурокомпозит“ во Прилеп.
Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот, поминаа два од трите месеци во кои требаше да се решаваат состојбите, но, вели, нема никаква најава за тоа.
- Причината поради која повторно стапивме во штрајк е неисполнетото ветување од Владата. Ветено беше дека последниве три месеци ќе се реши проблемот, а еве изминаа два месеца, а ништо од тоа. Требаше секој месец да ја земаме, барем, минималната плата, а ние повторно добивме по 7.000 денари, што значи за четири месеци вкупно добивме 17.000 денари. Во првиот месец требаше да заминат како технолошки вишок повеќе од 100 вработени, но таа постапка не е започната. Овојпат сме решени да инсистираме на конечно решавање на состојбата и да не почнуваме со работа. Една од причините поради која вработените се револтирани што претседателот на бордот на директори, заедно со претставникот на државниот капитал, не сакаа да одржат Собрание се додека не им се исплати платата од 18.000 денари, изјави Богданоски.
Во настојувањата да добиеме одговор од директорот на „Еурокомпозит“ Златко Граороски, од управата кратко беше речено дека директорот настојува да најде решение за, како што рече, со години напластените проблеми во компанијата.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп