Бизнис
17. April 2019 - 12:51

Вработените во Еурокомпозит повторно на протест во Скопје

Дел од претставници од државната компанија Еурокомпозит преговараат со владини претставници во врска со нивните барања државата како работодавец да им ги исплати 18те неипслатени плати, придонеси за последните 7 години, како и опремнина за вкупно 154 работници кои доброволно потпишаа да бидат прогласени за технолошки вишок.

Средбата се одржува во владината зграда откако вработените од Еурокомпозит започнаа протестен марш од собранието и дојдоа да протестираат пред владата, како што велат дека ќе останат се додека не се реши нивниот проблем. 

 

Мирјана Јовеска