Македонија
10. April 2019 - 16:08

Вработени во Македонски Шуми си натовариле цело комбе со дрва, наместо да ги пријават си ги земале во свое владеење

Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Ф.З.(44) и А.Б.(42) поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Пријавените, како вработени во ЈП „Македонски Шуми“-ПШС Куманово, при извршување на работните задачи како шумочувари на реоните „Црн Врв“ и „Белановце“, на 06.02.2019 во село Белановце сопреле патничко возило „Опел Астра“, управувано од М.Р., кое било натоварено со бесправно исечено дрво. Наместо да го обезбедат и предадат за понатамошна постапка, тие постапиле спротивно на своите службени овластувања и на одредбите од Закон за шуми и под изговор дека е дефект го оставиле без надзор и незаклучено со клуч за стартување на брава, од каде подоцна М.Р. непречено си го зел во свое владение.