Бизнис
6. March 2018 - 13:58

Вработени од Еурокомпозит бараат средба со премиерот Заев

Вработени  од Еурокомпозит кои денеска протестираат во Скопје најавуваат дека ќе останат пред Владата се додека не остварат средба со премиерот Зоран Заев. 

Инсиститраат на средба со премиерот затоа што, како што изјавија, досега имале четири до пет средби со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, но не нашле заедничко решение.

Како што изјавија немаат примено 16 плати и не им се платени придонеси од јуни 2012 година. Велат дека работа има, но не земаат плата.