Бизнис
4. March 2016 - 19:46

Вработени над 12.000 млади до 29 години преку владината мерка за ослободување придионеси

Над 12 илјади  работни места се отворени  во 5. 500 компании со  мерката вработување на  млади до 29 години, која се реализира  од 2014 та.  Најголем дел од фирмите кои  ја искористиле држваната мерка , 4.500 се мали бизниси со по десет вработени ,околу 100 се средни , а 26 големи компании. Според надлежните  ова  помогнала  да се намали стапката на  невработеност  кај младите, и да се прошири дејноста на фирмите.

Вработени се кадри и со високо средно и со осносвно образование, а компаниите  кои ги реалзирале вработувањата се од најразлични дејности.

Компанијата Итатек  досега со мерката ослободување од плаќање придонеси  вработила 93 лица.  Во оваа и во останатите текстилни компании  има слободни места за вработување на стручен кадар.

Огласот за вработување на млади до 29 години истекува за десет дена, на 13 март.   Фирмите кои  до крајниот рок  ќе се јават дека имаат потреба  од нови вработувања една година ќе бидат ослободени од плаќање придонеси и персонален данок за секое вработено лице до 29 години, а компаниите  обврска да ги задржат на работа уште една година.