Македонија
21. September 2021 - 17:27

Вработена во училиште во Чаир нападната од колешка

Вчера во 12.45 часот во СВР Скопје, М.Р.(35) од Скопје пријавила дека околу 11.40 часот во основно училиште на подрачје на Чаир, каде била вработена, по претходно недоразбирање била физички нападната од нејзина колешка С.В., соопштија од МВР.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот з апрекршоците против јавниот ред и мир.