Вработена во Поликлиниката Чаир позитивна на коронавирус, извршена дезинфекција на објектот
Вработена во Поликлиниката Чаир е заболена од коронавирус и веднаш е ставена во изолација, по што е извршена дезинфекција на објектот, потврди денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски.
Посочи дека досега во Здравствен дом Скопје со коронавирус се заразени вкупно четворица вработени.
– Во Здравствен дом Скопје дијагностицирани се позитивни тестови на четири лица и тоа телефонистка од Поликлиниката Чаир, медицинска сестра од Поликлиниката Ченто, возач на Итната медицинска помош, како и медицинска сестра од Домашната посета. За сите овие лица е одреден домашна изолација и земена е епидемиолошка анкета, рече д-р Исјановски.
Додаде дека дезинфекција е извршена и во останатите поликлиники, како и во Итната медицинска помош, а одлучено е вработените во Домашна посета покрај останатата заштитна опрема да носат и скафандери.
Ново на Сител
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти