Вработена во осигурителна компанија измамила жена
Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.П.Н.(44) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по чл.247 и кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по чл.378 од Кривичниот законик.
Како што соопштија о МВР, пријавената, како вработена во осигурителна компанија во периодот од 2020 до 2021 година, со лажно прикажување на факти ја измамила оштетената, убедувајќи ја дека доколку и ги даде парите добиени по основ осигурително осигурување во износ од 120.000 денари, може да ѝ го зголеми износот на оштетеното побарување. Откако ја довела во заблуда оштетената и ги добила парите, Т.П.Н. изготвила и со свој печат и потпис заверила лажен документ на осигурителната компанија, со кој потврдила дека наводно парите се уплатени на сметка на компанијата за потребите на предметот за повторно разгледување и одобрување на поголем износ на оштетеното побарување.
Ново на Сител
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет
-
Претрес во Судскиот совет