Вработена во МВР со лажна диплома градела кариера
СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против две лица - А.Д.(45) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторила две кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, како и против М.Ч.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“. Исто така кривично пријавено е и правното лице Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Според документираните сознанија, првопријавената А.Д. која од 06.06.2012 година била вработена во МВР - Управа за безбедност и контраразузнавање со завршен IV степен на образование, на 16.07.2013 година се запишала како вонреден студент во приватната високообразовна установа - Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје – економски факултет, и притоа не ги испочитувала бараните услови и доставила Пријавен лист за запишување - без датум и без потпис на кандидатот и одговорното лице, со што се стекнала со студентско досие.
За секој поединечен семестар требало да уплати сума од по 61.500 денари и да изврши заверка за да отпочне со полагање на испитите. Пријавената А.Д. првиот и вториот семестар ги заверила по завршување на студиската година (односно првите уплати ги направила после десет месеци од запишувањето и после пет месеци од полагањето на првиот испит), додека пак за целото студирање за завршените 30 испитни предмети уплатила вкупно 7500 денари, иако вкупно требала да плати 377.500 денари, или уплатила вкупно 15.500 денари за сите студиски години. Истовремено констатирано е дека полагањето на колоквиумите и испитите е регистрирано во работни денови, кога А.Д. била на работа и го почитувала работното време.
Така невалидно стекната диплома, А.Д. во повеќе наврати ја употребила како вистинска приложувајќи ја во МВР на РМ и пред комисии за распоредување и ситематизација на работни места, за унапредување во системот на кариера.
Второпријавениот, М.Ч., вработен во Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на работно место Оперативен директор во Одделот за оперативни работи, одговорен за финансиските обврски на студентите, со намера на друг да му овозможи стекнување со противправна и друга корист, константно ја злоупотребувал службената положба и на А.Д. и овозможил на нелегален начин да се стекне со високо образование, односно и овозможил полагање на колоквиуми, испити и заверка на семестар и без извршена уплата, намерно не водење на личен картон за студентот, при што за вкупно 389.500 денари го оштетил Универзитетот.
Третопријавеното правно лице - Универзитетот за туризам и менаџмент - се сомничи за кривичното дело „фалсификување исправа“ согласно КЗ на РМ.
Ново на Сител
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани
-
МНР: Ќе се зголемува процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати, мандатот ќе биде четири години
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг