Македонија
24. July 2020 - 16:46

Вработена во конфекција во Вевчани со симптоми на корона одела на работа

Прв кластер на заболени од корона вирус во Вевчани. Пет работнички вработени во текстилна фабрика се позитивни асимптоматски и ставени во изолација. Тие се заразиле од колешка која одела на работа и криела и покрај тоа што имала симптоми и заразен член од семејството а во опасност се и останатите 35 вработени.

Градоначалникот на Вевчани Јанкоски вели дека кластерот се следи но ситуацијата е алармантна бидејќи фабриката сеуште е отворена и покрај тоа што менаџерот бил известен .

Епидемиолозите апелираат на почитување на мерките со оглед а тоа дека дури 80 проценти од инфицираните се асимптоматски или со благи симптоми.