Македонија
10. March 2018 - 12:41

Вработен во ТАВ итно пренесен во болница со пукнати ребра

Во текот на вчерашниот ден во 13 часот и 52 минути од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ пријавено е дека кај нив бил донесен повреден 57-годишниот Ј.Н. од Скопје вработен како супервизор во одделение за прифаќање и испраќање на воздухоплови во ТАВ.

Тој објаснил дека истиот ден околу 13 часот, додека ги вршел работните задачи, симнувајќи се од елеватор, се лизнал и паднал од висина од 1,5 метри, при што се здобил со тешки телесни повреди и тоа напукнатини на ребра.