Вработен во расадник во Тетовско со камен си го убил газдата
Вработен во расадник во Тетовско си го убил газдата со камен во глава по вербална и физичка пресметка, соопшти Основното јавно обвинителство.
Надлежен јавен обвинител во моментов врши увид на местото каде е убиен 60 годишниот жител на тетовското село Јанчиште.
Како што соопшти ОЈО, денеска во 13:30, 45-годишен жител на тетовското село Јанчиште, го лишил од живот неговиот работодавец, 60-годишен државјанин на Кралството Холандија.
-Настанот се случил во расадник во селото Прељубиште, сопственост на сега починатиот. Осомничениот вработен во расадникот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физичка пресметка со работодавачот. Притоа тој му задал удар со камен во главата и му нанел смртоносни повреди, се наведува во соопштението на ОЈО.
Јавниот обвинител издал наредби за обезбедување на траги и нивно натамошно вештачење и наредба за обдукција на починатото лице, а одземени се и видео записи од мобилен телефон на очевидец на настанот. Осомничениот е лишен од слобода, а истрагата во обвинителството продолжува до целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани