Македонија
13. January 2018 - 12:45

Вработен во МВР пукал во дневната соба: "Остави го бебето или ќе те убијам"

Во 17 часот вчера, во Полициската станица Кочани, се јавила 38-годишната К.А.К. и пријавила дека истиот ден околу 16 часот била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг, 39-годишниот М.К. вработен во МВР.

Имено, според пријавата, М.К. под дејство на алкохол почнал да и упатува сериозни закани дека ќе посегне по нејзиниот живот и по животот на нејзините најблиски, воедно барајќи од неа да си оди од дома и да го остави нивното седумесечно бебе.

Нејзиниот сопруг секој ден бил во алкохолизирана состојба и во повеќе наврати на сличен начин ја малтретирал психички и физички. Во декември минатата година, повторно под дејство на алкохол го извадил службениот пиштол и испукал неколку куршуми во дневната соба.

За настанот е известено ОЈО Кочани по чија наредба од М.К. е одземено службеното оружје и се преземаат мерки за расчистување на настанот. Во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.