Македонија
11. May 2022 - 16:46

Вработен на Клиника пријавил физички напад од претпоставен

Вработен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ пријавил дека бил нападнат од негов претпоставен.

- На 10.05.2022 во 13.30 часот во Полициската станица Центар, Р.Ц.(39) од Ново Село, скопско, пријавил дека на работното место во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од Б.Е.(37) од Скопје, негов претпоставен. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информира МВР.