Македонија
17. јуни 2018 - 22:25

Возрасна жена повредена пред Собранието - полицијата на Спасовски употреби прекумерна сила

Има неколку повредени во демонстрациите што вечерва се случуваат пред Собранието на Македонија. Интервенираше и Брзата помош.

Полицијата употреби десетина шок бомби и солзавец за растурање на демонстрантите.

Меѓу повредените има и постари лица.