Македонија
6. February 2018 - 15:20

Возрасен ресенчанец и се заканувал на жена преку Фејсбук

Сектор за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против  Р.Т.(59) од село Лескоец, охридско  за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста” и „злоупотреба на лични податоци”. 

Во период од 13 јануари 2017 година до 18 истиот месец, пријавениот, на Ж.Ш.(50), телефонски  и упатувал закани по нејзниот живот, а  на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“  објавувал фотографии од истата, под кои пишувал текстови со навредлива содржина.