Балкан
21. January 2021 - 10:59

Вознемирувачко: Воспитувачки малтретираат деца во белградска приватна градинка

На социјалните мрежи се појавија нови снимки за злоупотреба на деца, овој пат, наводно, од приватната градинка „Замак“ во Вождовац. Снимките, направени со мобилен телефон, понекогаш се болни за гледање.

На снимките се гледа како воспитувачки малтетираат деца. Една од нив буквално го влече држејќи го под мишки, а пак друга го држи детето на под и го гази додека тоа плаче.