ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Наставник тепа ученик во основно училиште во Бутел
Вознемирувачко видео од наставник кој малтретира дете се појави на социјалните мрежи.
Според објавата, немилиот настан се случува во скопско училиште. Наставникот го крева ученикот со двете раце од земја и го спушта, на очиглед на другите ученици во паралелката.
Станува збор за училиштето „Панајот Гиновски“ во населбата Бутел 2.
Директорката на училиштето за „Слободен печат“ потврди дека случајот го пријавила во полиција. Наставникот предавал англиски јазик и работел во училиштето повеќе години.
– Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив најодговорно и пријавив во МВР. Родителите на детето се обидов да ги добијам, но биле на пат и не ми одговорија на повикот. Ќе следува дисциплинска комисија. Ученикот е во 7 одделение, а наставникот е по англиски јазик, изјави директорката.
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел