Живот
8. јуни 2017 - 13:35

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Фрлиле живо магаре во кафез со тигри!

Вработени во зоолошката градина во кинескиот град Чангжоу го смирија гладот на три тигри со живо магаре, пишува „Дејли Меил".

Смртта на магарето е фатена и на камерите за надзор. На кадрите се гледа како неколку луѓе го носат беспомошното животно кон кафезот на тигрите и без никакво двоумење го фрлаат кај нив.

Веднаш потоа тоа е нападнато од грабливците, без никаква можност да се спаси.

Следува вознемирувачко видео...