Свет
30. March 2016 - 22:57

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Демонстрант киднапирал автобус и прегазил полициски кордон!

Вистинска улична војна настанала од еден обичен протест против зголемување на цените на јавниот превоз во Сан Кристобал во Венецуела, кога демонстрантите киднапирале автобус и со него прегазиле полицајци.
 
Неколку часа подоцна полицијата од Тачира објавила дека животот го загубиле двајца полицајци, Маркез Отто (25) и неговиот колега Никол Перез (21).
 
Инаку целата драма започнало кога за време на протестот маскиран разбојник го избркал возачот на автобусот и седнал зад воланот.
 
Полицијата погрешила со поставување на кордон со цел да го запре лудакот кој стиснла на гаста и ги прегазил полицајците, по што веднаш избегал.
 
Инцидентот е снимен од страна на голем број новинари кои биле на протестите, а подоцна полицијата го пронашла автобусот на другиот крај од градот.
 
Се уште не го пронашле виновникот иако привеле повече од 30 лица.