Балкан
10. February 2016 - 9:53

Вознемирувачко: Тело на жена пловело по реката, мислеле дека е канистер

Вчера околу 12 часот во Дунав во близина на Панчевачкиот мост е пронајдено тело на жена.

Очевидците кои се затекнале на местото мислеле дека гледаат во канистри.

Меѓутоа набрзо сфатиле дека се работи за безживотно тело на жена.

Полицијата во присуство на Итната помош на самото место извршила увид.

Не е познат идентитетот на удавената жена.