Живот
16. April 2018 - 17:06

Вознемирувачко: Страотна глетка од туристичкиот рај, луѓе се бањаат, а во плиткото невиден хорор

Акапулко долго време беше познато како идеално место за одмор, но криминалот толку завладеа во овој мексикански крај што денес на плажа не можат да се избегнат гнасни глетки.

На плажата Калетиља лежел мртов маж, а за тоа време туристите уште се бањале и уживале на сонцето. Полицијата и војската го однесе телото на мажот пред збунетите туристи кои во голем број биле на плажата.

Пре само недела дена во другото мексиканско летувалиште Канкун, во престрелка меѓу бандите се убиени 14 лица за само 36 часа.

Гереро, дом на неколку популарни туристички дестинации со прекрасни плажи, воено е една од најсиромашните сојузни држави во Мексико и една од најтешкопогодените од бранот насилство меѓу нарко-картелите.

Само минатата година, имало 25.000 убиства, односно над 68 дневно.

Убиствата се случуваат и недалеку од хотелите кои се препреолни со туристи.

„Не е пријатно да шетате по улица и да пронајдете нечија глава. Тажно е кога ќе дознаете дека некој ваш пријател е застрелан. Лакари, таксисити, деловни луѓе - ниту една општествена класа не е поштедена“, рече Лаура Кабељеро од Акапулко.

Минатата година, бројот на убиствата во Канкун се дуплираше, а многу министерства за надворешни работи издадоа предупредувања за патување во Мексико и ги советуваа своите државјани да ги избегнуваат овие области.