Живот
1. September 2017 - 13:12

Вознемирувачко: Се оперираше 13 пати за да личи на ќерката на Трамп, за причината сама си знае

Тифани Тејлор е наизглед обична девојка, но лекарите ги изненади откривајќи им дека само минатата година имала 13 пластични операции за да личи на својот идол - Иванка Трамп.

-Имав 13 операции. И пред тоа бев многу убава, но нега сум по елегантна, рече Тифани.

Кога ја прашале зошто толку очајно сака да изгледа како ќерката на Трамп, Тифани рече дека верува дека Иванка треба да им биде премиер на сите жени.

Имала две операции на градите, операција на носот, очните капаци и липосукција на стомакот и задникот. Исто така вградила и импланти во образите.