Живот
4. January 2017 - 18:24

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Сакал да се убие па скокнал во кафез со лавови - Најлошиот дел следува...

Франко Луис Ферад (20) се обидел да изврши самоубиство скокајќи во кафез за лавови во една чилеанска зоолошка градина.
 
Во зоолошката влегол како и сите посетители, уреден и со карта. Потоа им побегнал на стражарите, се качил на кафезот, се соблекол и скокнал.
 
Лавовите прво сакале да се играат со него и биле многу мирни, но по неговите провокации го нападнале!
Еден од вработените се обидел со инекција да ги успие жестоките животни, но не успеал да ги погоди. Два лава, на возраст од 20 години биле убиени со пушка.
Франко Луис Ферад бил хоспитализиран и неговата состојба е стабилна. На еден дел од нападот воопшто не се сеќава, затоа што една инекција наместо лавовите го погодила него.