Балкан
20. December 2017 - 21:15

Вознемирувачко: Новите детали за страотното убиство - уапсена жената која турна бремена келнерка под воз

Застрашувачката снимка која ги вознемири граѓаните на Романија покажува жена која под воз турка бремена келнерка.

Алина Чиуку (25) се обидела да се врати на платформата, но возот наишол и ја усмртил.

Полицијата за ова ужасно злостврство ја уапсија Магдалена Сербиан (36), а соопштено е дека таа претходно вечерта уште една жена се обидела да турне на шините, меѓутоа таа патничка успеала да се одбрани.

Двата инциденти се снимени од надзорните камери, а шокантната снимка од убиството е поставена на интернет за да може полицијата полесно да дојде до жената напаѓач.

Романските медиуми пренесуваат дека Алина работела како келнерка во Букурешт каде живеела со своето момче. Била и бремена во времето на смртта.

Напаѓачката се наоѓа во притвор и моментално е на психијатриска проценка, а полицијата се обидува да открие кој бил нејзиниот мотив за овој потег.

Како што се наведува таа на социјалните мрежи обвинила неколку луѓе, вклучувајќи го и братот за сексуално злостатвување.

Романската министерка Кармен Дан им честиташе на полицајците кои го фатија убиецот само неколку часа по нападот.