Свет
3. November 2015 - 11:47

Вознемирувачко: Нови злосторства на екстремистите на Боко Харам

Екстремистичката организација Боко Харам објави видеоснимка на која се прикажани две отсечени десни раце на мажи кои биле казнети поради тоа што наводно украле пари, пренесува Асошиејтед прес.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледаат локални жители собрани околу вооружени борци, додека еден од нив им објаснува дека тие се соочуваат со, како што вели, „пропишаната божја казна“.

Моментот на ампутацијата не е прикажан на снимката.

Групата Боко харам се обидува да го наметне исламскиот шеријат во Нигерија, како и во делови од Чад, Нигер и Камерун, каде што терористите на таа организација убиваат стотици луѓе.