Македонија
18. March 2019 - 14:28

Вознемирувачко: На улично куче во Велес му ги отсекле ушите

Активистите за заштита на животните ја објавија оваа фотографијата на куче, кое уште крвари по отсекувањето на неговите уши.

За да му се укаже прва помош, морале да му дадат средство за успивање, бидејќи кучето било исплашено, вознемирено и трпело големи болки.

Утврдено е дека пред да му бидат исечени ушите, било малтретирано и тепано. Активистите велат дека кучето е локален миленик и многу е мирно.

Случајот е пријавен во полиција, а се претпоставуват сторителите кои постојано низ градот малтретираат и осакатуваат кучиња. Се очекува итна реакција на полицијата и соодветни казни за сторителите.