Живот
8. March 2018 - 9:51

Вознемирувачко: Ја сними сопствената смрт - Објавена снимката од загинување на Зелените баретки во борба со џихадистите

На интернет се појави снимка од погибијата на четворица американски војнции, припадници на Зелените беретки во Нигер, кои настрадаа во борбата против терористите на Исламската држава во октомври минатата година.

Објавената снимка е од камерата од шлемот на еден од убиените припадници на специјалните сили.

Оваа битка е позната и по изјавите на некои американски офицери, кои се прашуваа што воопшто прават американските војски во Нигер и многумина и не знаеја дека таму се распоредени Силите за специјални операции (СОФ) на американската војска.

Видеото објавено на ЈуТјуб ги прикажува моментите на борба на специјалните сили со терористите. На него може да се види како американските војници пукаат, се скриваат зад автомобил и се обидуваат да се повлечат. Во пукањето терористите ранија еден од припаднциите на специјалните сили. Веднаш потоа војникот, чиј шлем ја сними борбата, паѓа ранет по што и починал.

Во текот на оваа битка се убиени четворица припадници на Зелените баретки на американската војска, како и четворица војници од војската на Нигер и преведувач.

Познато е дека на 3. октомври 2017 година, 11 Зелени баретки, 30 војници од нигериската војска и преведувач оделе да ја проверат наводната положба на терористичкиот командант. Тие не пронашле терористи, но патролата на враќање упаднала во заседа. Останатите американски војници и војската на Нигер се обиделе да се повлечат. Настрадале четворица американски војници, а двајца се ранети.

Пентагон безуспешно се обиде да ги скрие деталите од неуспешната операција во Нигер. Официјално ова се најголемите американски загуби во Африка од 1993 година, кога американските специјалци беа нападнати во Могадишу, Сомалија, пораз кој подоцна е опишан како херојска битка во филмот „Падот на црниот јастреб".