Свет
6. March 2018 - 22:08

Вознемирувачко: Германија во шок - сириски бегалец ја закла сопругата пред своите деца и на Фејсбук во живо им се закани на сите жени

Абу Марван (41) бегалец од Сирија кој сега живее во градот Милакер на југозападот од Германија, за заклал својата сопруга (37) пред синот (12) и малечката ќерка, и така испрскан од нејзината крв, се вклучил на Фејсбук во живо и поставил видео со кое се заканува на сите жени кои „ги мамат мажите“.

Тие двајцата живееле раздвоено, а крвавото злосторство се случило кога ја посетил да го решат проблемот, а таа го исфрлила од куќата.

„Јас сум Марван. Токму сега бев со својата жена. Ме исфрли од куќата и јас ја избодев со нож. И реков: пушти го мојот син да живее со мене, а таа одбиваше и сакаше да оди во службата за социјална работа... Тогаш 3-4 пати и го зарив ножот. Не знам дали е мртва или жива. Сите вие жени, ова ќе го добиете ако ги мамите своите мажи“, задишано говореше тој пред камерата.

Марван побегнал од самото место, но полицијата го пронајде во блискиот Карлсруе.

Колкав ужас е ова говори фактот што неговата ќерка, за која медиумите не наведуваат колку години има, но сугерираат дека е помлада од братот, повикала полиција и го пријавила злосторството.