Живот
25. јуни 2018 - 9:57

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Џиновски питон проголтал жена

На индонезискиот остров Мун, питон од 7 метри проголтал жена. Како што објавија медиумите питонот прво ја загушил, па ја проголтал.
 
Телото на Ва Тибе (54), мајка на две деца, било пронајдено во стомакот на питонот, фатен на местото каде жената работела во својата градина, се вели во соопштението на полицијата од Индонезија. 
 
Последен пат жената била видена како ја уредува градината во својот дом во Југоисточен Сулавеси, пишува Дејли мејл.
 
Мештаните се посомневале дека змијата ја проголтата жртвата, па ја убиле и во стомакот го пронашле нејзиното тело.
 
Главата била свртена кон опашката на змијата, а стапалата кон устата, што укажува дека ја проголатала најпрвин од глава.
 
Ова е втор ваков случај за една година.
 
извор: nezavisne.com