Живот
1. November 2017 - 12:43

Вознемирувачко: Бебе плачеше во текот на крштевката, па попот толку се изнервира што направи нешто шокантно пред родителите

На интернет се појави видео на кое се гледа како свештеник на бебе во текот на крштевањето му става рака преку устата за да не плаче повеќе.

Според пишувањето на медиумите, инцидентот се случил во Романија, но точната локација не е истакната.

Како што се наведува, свештеникот во текот на церемонија „не можел да ја скрие фрустрацијата“ зошто бебето не престанувало да плаче, па откако неколку пати се обиде да ја потпои во водата потполно се изнервира.

Свештеникот во еден момент го положи бебето на маса и бесно ја повлече својата мантија, а потоа уште неколку пати многу грубо се обиде да го потопи бебето во вода.