На интернет набрзо се појави вознемирувачко видео направено во моментот кога итната помош дошла по неа, а на кое се гледа како голата девојка вреска во болки.
Александра и Евгенија изнајмувале мал стан над бензинска пумпа на Јалта на Крим, каде работеле во текот на туристичката сезона. Бруталниот напад се случил токму во тој стан, кога, како што пренесоа медиумите, нејзиниот вереник дошол пијан дома и почнал да ја полева спалната соба со бензин, а потоа и Александра.
Наводно, Евгениј бил бесен поради начинот на кој Александра разговарала со друг маж. Олесија Кузмина, мајката на жртвата, раскажа за локалните медиуми, детали од нападот кои и се пренесени.
„Знам дека го кршел мебелот и се полевал со бензин, а потоа ја полеал и неа. Потоа се запалил“, вели Олесија.
„Таа беше толку среќна, а тој се уништи. Никогаш нема да си ја поврати својата убавина“, велат нејзините пријатели.
Напаѓачот, кој неодамна се верил со жртвата, и самиот е повреден по многу полесно. Тој претрпел повреди на рацете и лицето, поради кои, со полициска придружба е префрлен во болнциа. Нему ќе му се суди за обид за убиство, а доколку биде осуден, би можел да добие казна од 20 години затвор.