Живот
7. December 2016 - 15:50

Вознемирувачка снимка од бизарна смрт: Танчер почина на сцена

Руски танчер почина танцувајќи на сцена како последица од срцев удар.

Танчерот Кусаинов (48) кој работи како учител по танц, танцувал на концерт во Урус-Мартан во Чеченија.

На почетокот никој не сфатил што се случува - пејачката ја повика публиката со аплауз и со повици да му помогнат на Кусаинов да стане и да продолжи да танцува додека таа пеела околу него.

Кусаинов доживеал срцев удар додека го танцувал традиционалниот танц на Чеченците и Козаците -Лезгинка.

За жак, кога итната помош стигнала на местото на несреќата, можела само да констатира смрт кај несреќниот танчер.