Бизарно но вистинито
22. February 2018 - 10:06

Вознемирувачка снимка: Излегол пред кафуле да запали цигара и загинал во сообраќајка

Овој човек во понеделникот седел во кафуле во градот Караман, Турција, кога одлучил да излезе надвор и да запали цигара.

Застанал на скалите пред кафулето, повлекол неколку дима, кога се случила трагедија.

Автомобил го прегазил со полна брзина. Несеќниот 42-годишник со помош на пожарникари бил извлечен од под автомобилот, но не можеле да го спасат. Починал неколку часа подоцна во болница.