Македонија
17. November 2018 - 20:06

Возилото го оставил да работи и отишол да пазари во маркет, скопјанец ограбен на „Партизанска“

Вчера во Полициска станица Центар В.Н.(34) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот на булевар „Партизански одреди“ од страна на две машки лица одземено му е патничко моторно возило „Форд Куга“ со скопски регистарски ознаки.

Сторителите искористувајќи го невниманието на пријавителот кој возилото го оставил да работи и отишол да купи производи од маркет го одзеле истото и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и возилото, како и целосно расчистување на случајот.