Македонија
19. May 2016 - 12:39

Возило заврши во река во Прилеп, има повредени

По судир на две возила, еден автомобил заврши во река во сообраќајната незгода што синоќа се случила на мостот кај старата автобуска станица во центарот на Прилеп.

Од СВР Битола за „Република“ велат дека извршен е полициски увид, но деталите за несреќата се најавени за подоцна.

Она што е познато е дека жртви нема, но неколку лица завршиле со телесни повреди.

Според прилепскиот портал „10без10“ до сообраќајката дошло при директен судир на две возила „БМВ“ и „фолсваген“, едното возило излетало и завршило во речното корито, а другото е целосно уништено.

ФОТО: 10без10