Македонија
18. May 2019 - 11:53

Возило се заби во ограда - Тешко повреден возач од Гевгелија

Околу 01.05 часот на автопатот Скопје –Гевгелија, во близина на наплатната рампа кај „Топлите води“, патничко возило „Фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот Н.С. од Гевгелија, изгубило контрола и удрило во оградата.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Гевгелија каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.