Македонија
23. May 2016 - 10:49

Возило се преврте кај Католичка црква, едно лице е повредено

Едно лице е полесно повредено во сообраќајна несреќа која се случи утринава околу 7 часот на кружниот тек кај Католичката црква во Капиштец.

Според првичните информации, во незгодата учествувале најмалку две возила од кои едното се превртело.

Според очевидци пред да се преврти возилото удрило во тротоарот.

Брза помош која пристигна на местото на настанот му укажа помош на повреденото лице.

извор: tvnova.mk